Кризна ситуација во САД: Кој е посилен-Доналд Трамп или градоначалничката на Вашингтон?

од Nikola Popovski

Главниот град на САД, Вашингтон не е дел од сојузна држава, туку од Дистриктот Колумбија (ДК-DC), а овие специјални околности, за време на протестот поради смртта на Џорџ Флојд за време на неговото апсење во Минеаполис, доведоа до расправија меѓу претседателот Доналд Трамп и градската влада на Вашингтон.

„Кој има моќ: претседателот или градоначалникот“, прашува Дојче Веле.

Мјуриел Баузер, градоначалник на Вашингтон, избрал јасни зборови за она што се случи во нејзиниот град во понеделникот вечерта. „Воведов забрана за излегување од 19 часот“, напишала таа членка на Демократската партија на нејзиниот профил на Твитер. Така, таа сакала да спречи насилни немири и грабежи.

Но, на 25 минути пред почетокот на забраната за излез, полицијата налутено ги нападна демонстрантите на движењето „Black lives matter““. Федералната полиција ја расчисти областа пред Белата куќа за да може претседателот Трамп да отиде до блиската црква „Свети Јован“ за да се фотографира таму.

„Федералната полиција пукаше пред Белата куќа кон мирни демонстранти кои не провоцираа. Ова ја отежна работата на градската полиција. Бесрамно“, изјавила Мјуриел Баузер.

Оваа апсурдна состојба е само еден пример што јасно го покажува необичниот статус што го има градот Вашингтон.

Главниот град на САД не е во сојузна држава, ниту е независна федерална држава. Вашингтон не е претставен во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес од сенатори или заменици.

Сите обиди да се направи таа област да биде држава досега не успеаја. За да се случи таквата промена, двата дома на американскиот Конгрес би требало да гласаат за тоа, а многу републиканци, кои имаат мнозинство во Сенатот, се против главниот град на САД да стане држава.

Во противниците се вбројува и сегашниот претседател.

„ДК никогаш нема да стане држава“, изјави Трамп во мај годинава. „Зошто би? За да добиеме  уште двајца демократски сенатори и пет членови на Конгрес?“, изјавил Трамп, алудирајќи на мнозинството демократски гласачи во главниот град.

Во американскиот политички систем, сојузните држави имаат висок степен на автономија: гувернерот одлучува како ќе се организираат избори во нивните држави, како ќе изгледа образовниот систем, но и до кој степен и кои полициски сили ќе бидат ангажирани во одредени ситуации.

Сепак, Вашингтон нема гувернер, но тоа е седиште на сојузната влада на САД. И тоа значи дека Трамп може да дејствува како крал во екстремни ситуации како оваа. Пораката затоа гласи: Вашингтон не е град на градоначалникот Баузер, тој е негов град“, проценува „Дојче веле“.

Претседателот може да ангажира тајни служби, кои се грижат за неговата безбедност, или Националната гарда да се грижи за „редот и законот“, како што најави. И дури и ако тоа значи прогон на мирни демонстранти од паркот пред Белата куќа.

Областа околу Белата куќа не е во надлежност на полицијата во Вашингтон. За безбедноста на Белата куќа, меѓу другото, се грижат од тајната служба, која е подредена на Трамп.

Оклопните воени возила излегоа на улиците на главниот град на САД овој вторник. Трамп ги карактеризираше гувернерите на сојузните држави како „слаби“, затоа што не прават многу за да ги спречат протестите. Тој сака да користи уште поостри мерки во сопственото кралство, наведува „Дојче веле“. Но, не сите сојузни држави на кои се потпираше Трамп, помогнале. Нема единство ниту од соседните држави, Вирџинија и Мериленд, кои граничат со Вашингтон. Додека гувернерот на Мериленд, Лери Хоган, републиканец, испратил стотина војници во Вашингтон на барање на секретарот за одбрана, Марк Еспер, Ралф Нордам, демократскиот гувернер на Вирџинија, одбил да го стори тоа.

Причината за одбивањето е што барањето на сојузната влада на САД да испрати дополнителни војници во Вашингтон не било договорено со градоначалникот на Вашингтон.

„Штом пристигна тоа барање, ние дознавме многу брзо дека тоа не е барање на градоначалникот Баузер, ниту беше договорено со неа“, рече портпаролот на Нордам, Кларк Мерсер.

„Врз основа на изјавите на претседателот, имаме дополнителна причина за загриженост, со оглед дека владата сака да ја искористи Националната гарда за ескалација, а не за да ја смири ситуацијата“, изјавил Мерсер.

Владата на Трамп, наводно, во понеделникот предложила да ја преземе контролата врз вашингтонската полиција додека протестите продолжуваат, што градските власти го одбиле.

„Полициските службеници во Вашингтон сè уште се подредени на градоначалничката Баузер“, рече шефот на штабот на Мјуриел Баузер.

Затоа, Трамп сè уште не може да се претстави како крал на Вашингтон, заклучува „Дојче веле“ во својата статија.

Слични содржини