Кржаловски: Мораме вонредно да избереме премиер, пред да се избере претседател на СДСМ

од Nikola Popovski

Се надевам дека нема да се премисли Заев. Тој стана премиер со познатото „зборот е збор“ и не верувам дека ќе го погази зборот, вели политичкиот аналитичар, Александар Кржаловски во дневникот на ТВ Сител.

Тој очекува да имаме нов премиер до крајот на ноември.

-Веројатно сите се изненадени од потегот на Заев, но нема јасна ситуација за неговиот наследник. Мора да избереме вонредно премиер, пред да избереме нов претседател на СДСМ, ако веројатноста е дека човек од нивните редови да биде претседател на владата. Сметак дема нема да има ново парламентарно мнозинство. СДСМ ќе се обиде да опстои на мнозинството со нивен кандидат. Сепак, клучот е кај БЕСА, а тие се изјаснија дека нема да има пад на владата, констатира Кржаловски.

Слични содржини