Куче помага при деминирање во Украина: „Благодарам пријателе за услугата“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Државната служба за итни случаи на Украина објави видео од куче кое помага во процесот на деминирање.

„Нашето воено куче Патрон продолжува да ги деминира областите во близина на Чернихив“, велат тие во видеото.

На видеото се гледа како Џек Расел териер носи појас на кој е сошиен официјалниот амблем.

Кога единицата за деминирање ќе стигне до место со отворена пошумена површина, може да се види кучето како трча, лае покрај неговиот водач, пред да почне да гребе во земјата, каде што неговиот соработник го зема предметот и го носи назад до возилото.

Оттаму додаваат дека Патрон и 26 припадници на Државната служба за вонредни состојби синоќа уништиле 262 експлозивни направи.

„Благодарам пријателе за услугата“, додадоа на крајот.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека вчера биле пронајдени и неутрализирани 968 експлозивни направи на површина од 230 хектари.

Повеќето од нив се пронајдени во областа на Харков, Киев и Чернихив. Од почетокот на руската инвазија, пронајдени и неутрализирани се вкупно 88.883 експлозивни направи и 583 килограми експлозив, вклучително и 1.961 воздушни бомби, а проверена е и површина од 15.745 хектари.

Слични содржини