Куќи за 1 евро се уште се тренд: Италија доминира, но не е единствената

од Vladimir Zorba

Продажбата на куќи за 1 евро е тренд кој заживеа во Италија уште во 2008 година, со цел луѓето да се вратат во напуштените села, особено во Сицилија.

Но, 13 години подоцна, не е само Италија што ги промовира своите уништени места на овој начин, туку и се придружуваат Швајцарија, Шпанија, Хрватска, па дури и Јапонија.

Си-Ен-Ен пишуваше за луѓето што купуваа недвижен имот за евро во Италија, но и за Франција и Шпанија како следни врвни дестинации. Дури и американската актерка Лореин Брако купи куќа за 1 евро, стара 200 години, лоцирана во Самбука (Сицилија).

За овој феномен се повеќе се зборува и пишува како културен, а не само деловен, бидејќи луѓето масовно се preseluvaat од градовите во селата, каде што можат да работат и од далечина.

Не секое купување од овој тип е „трик“. Некои куќи се навистина многу стари и неупотребливи, сè додека не се реновираат, па дефинитивно мора да сметате на пообемна инвестиција. Но, сè на сè, на крајот тие дефинитивно чинат повеќе.

Единствениот проблем е што куќата се враќа во сопственост на општините доколку сопственикот не ја поправи, за што обично има период од три години. Исто така, треба да се каже дека на крај имотите чинат по пазарна цена, но сепак се подостапни во споредба со куќите во големите градови.

Италија има далеку најмногу села и градови кои ја користат шемата „куќа од 1 евро“ и има десетици активни кампањи за привлекување инвеститори од север кон југ, како и на островите Сицилија и Сардинија.

Хрватска исто така започна да се истакнува со слични иницијативи, каде што куќите се продаваат за 1 куна подолго време. До средината на 2021 година, Леград стави на продажба 19 вакви имоти, а 17 веќе беа продадени.

Сепак, тука има услови. Идните сопственици, односно купувачите, треба да имаат помалку од 40 години и да имаат постабилни финансии. Исто така, тие мора да се обврзат да останат на тоа место најмалку 15 години. Всушност, Ројтерс напиша дека не мора да живеете во хрватска провинција толку долго, но мора да го чувате имотот.

Исто така беше речено дека Леград покрива 20% од парите потребни за обнова на куќата, што е до 35.000 куни или околу 5.000 евра.

Слични содржини