Кумановец ја запалил куќата на татко му

од Nikola Popovski

МВР информира дека полициски службеници лишиле од слобода жител на Куманово, кој ја запалил куќата на својот татко.

-На 28.01.2024 година во 11.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(47) од Куманово.

Тој е осомничен дека го предизвикал пожарот во куќата на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, сопственост на неговиот татко И.С, велат од полицијата.

Н.С. е приведен во полициска станица за целосно документирање на случајот против што ќе следи соодветна пријава.

Слични содржини