Кун е трансфер цел бр.1 за Реал

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, е број еден во листата на летни трансфери на Реал Мадрид, објавија медиумите во Шпанија.

За аргентинскиот фудбалер, „белиот балет“ е подготвен да плати 60 милиони фунти.

Договорот за 29-годишниот напаѓач со Сити истекува во јуни 2020 година.

Оваа сезона има 30 гола во 36 натпревари за клубот на сите турнири.

Слични содржини