Курц: Земјите од Западен Балкан се потенцијални приматели на прекумерен капацитет за вакцини набавени од ЕУ

од Vladimir Zorba

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја пофали претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен за планирањето на прекумерните капацитети во вакцината за коронавирус за помош на соседството на Европската унија.

Тој, пред сè, ги гледа земјите од Западен Балкан како потенцијални приматели на овие капацитети.

– Веќе сме во контакт со овие земји и ги советуваме логистички – рече Курц.

Тој очекува дека уделот на вакцинираната популација до летото ќе биде таков што пандемијата ќе може да се прогласи за завршена и да се победи коронавирусот, пренесуваат агенциите.

Потсети дека е потребен удел од 70 проценти од вакцинираните во популацијата за да се искорени вирусот, но додаде дека секој чекор кон таа цел претставува олеснување за болниците.

Предупреди на еуфорија околу вакцината. Тој истакна дека ќе биде потребна и повторна вакцинација и дека има големи разлики во ефективноста и брзината при одобрување за влез на пазарот.

– Далеку сме од тоа сите шест производители да имаат совршен производ што би бил дозволен во ЕУ – рече Курц, додавајќи дека во ЕУ има две вакцини пред одобрување, поради што на почетокот ќе има ограничени количини.

Слични содржини