Кузеска: Гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата

од Берта Китинска

Остварен е сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата.Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

-Се наоѓаме на 87 место, во 2020 година бевме рангирани на 111.За 2021 година Северна Македонија има 39 индексни поени, додека во 2020 тој скор бил 35.Ова е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години.Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата, вели Кузеска.

Слични содржини