Кузеска: Со изборот на Мизрахи, Мицкоски ја потврди антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

„Со изборот на членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со сигурност ја потврди режимската матрица на оваа партија со која всушност раководи Никола Груевски. Составот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, скроен по желба на Христијан Мицкоски има единствена цел да му ја спаси лидерската фотелја во белата палата“, вели денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Со изборот на Рашела Мизрахи, за член на Извршниот Комитет, се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија“, посочува таа.

Слични содржини