Лацио одигра без голови со Верона и ја продолжи серијата без пораз

од Aleksandar Petrovski

Во одложениот натпревар од 17. коло на Серија А, Лацио синоќа одигра нерешено, 0:0 со Верона на домашен терен. За римјаните ова беше 17. последователен натпревар без пораз. „Лацијалите“ се во серија од 13 победи и четири реми.

Последен пат екипата на Симоне Инзаги загуби во италијанскиот шампионат во септември 2019 година од Интер со 0:1.

По 22 кола во Италијанското фудбалско првенство, Лацио е трет на табелата со 50 бода, зад Интер кој има 51 и Јувентус кој е лидер со 54.

Слични содржини