Лав нападна вработена во зоолошка во Германија

од Stefanija Kuzmanovska

Лав нападна вработена во зоолошка градина во северозападна Германија, додека таа го чистела кафезот, соопшти полицијата.

Полицијата за агенцијата ДПА изјави дека дваесет и петгодишната работничка во зоолошката градина во градот Оснабрик е полесно повредена, но дека е хоспитализирана како мерка на претпазливост.

Инцидентот се случил нешто пред 12:00 часот, а деталите засега не се познати, пренесе АП.

Менаџментот на зоолошката градина не бил достапен да коментира за инцидентот.

Слични содржини