Лажни се пријавите за наводно поставена експлозивна направа во Уставен суд и аеродромот во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиена порака на електронска адреса со закана за поставена експлозивна направа во Уставен суд и аеродромот во Скопје, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Слични содржини