Лажни вести се дека пратеници од ДУИ ќе го зголемат мнозинството, вели Ахмети

од Берта Китинска

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска одговорајќи на новинарско прашање, кажа дека лажна е веста дека пратеници на ДУИ ќе преминат во новото парламентарно мнозинство.

-На средбата ќе се анализираат актуелните политички случувања, а целта е како да се зачува нормалната состојба во државата. ДУИ е партија со голем кредибилитет и приоритет. Секогаш ги става државните интереси пред партиските. Државните интереси се приоритет и тоа е најважно. Да го решиме проблемот со Бугарија, да функционира државата во нормална состојба. Не сме загрижени од ситуацијата со опозицијата, истакна Ахмети пред средбата.

Слични содржини