Лазовски: Во даночните реформи нема ниту една мерка која се спротивставува на повисокиот раст и на подобрувањето на животниот стандард

од Vladimir Zorba

Даночниот експерт Славко Лазовски не ги споделува критичките забелешки на дел од јавноста во однос на најавените даночни реформи. Стравувањата што ги  следат се вели нормални и очекувани. Даночните реформи според него секогаш носат, „породилни  маки“, но само така, според него, се раѓа она највредното бидејќи за се треба време и прилагодување.

Посочувајќи  дека во целиот процес мора  да се  води  сметка  за  прифатливоста, Лазовски е категоричен дека не може да најде ниту една од предложените  мерки која  се спротивставува  на  повисокиот раст  и на подобрувањето на животниот  стандард.

„Сепак, многу  работи  би  ги структуирал  поинаку, но затоа  е јавната  расправа  во која  треба  да се  рафинира  она  најдоброто. Добро би  било  кога на бизнисот ќе му  се понуди забрзување  на  целокупниот  даночен  систем (кој  е премногу  бавен), позасилено користење на меѓународната правна  помош (каде нема никави  влијанија  и  притисоци), засилено оданочувањето на  т.н. „светски  доход“, па  се  до подигање на концесиските надоместоци“, вели Лазовски за „Локално“.

Како поткрепа на неговата теза за потреба од даночни реформи потсетува дека дел од бизнисот, знаел и порано да биде против даночните реформи,како на пример при воведувањето на ДДВ, за  подоцна да стане свесен за стекнатата предност.

Посочува дека по правило даноците не се причина за ставање клуч на врата, односно дека  добриот  бизнис лесно поминува со даноците.

„Ако во Македонија 3,2% од населението се бизнисмени, тие само во почетниот период ќе имаат некои тешкотии при  зголемување  на даноците, но  потоа токму  тие  најдобро се адаптираат на новонастанатата  ситуација. Како најдобри од најдобрите, секогаш умеат да  го извлечат  најдоброто од даночниот  систем.“, вели Лазовски.

Дали најавената даночна реформа ќе овозможи повисок економски раст и подобар животен стандард на граѓаните?

-Даноците  имаат  една  единствена  цел – развој. Не се станува развиена земја акопретходноне изгради современ даноченсистем.Германија  е локомотивта  на Европа затоа што е даночно најуредената земја. САД е сеуште доминантна  економска  сила  во  светот, а нејзината  даночна  администрација  е најефектна  и најефикасна  во  светот. И  даночната  историја  го  потврдува  истото. Доминацијата  во историја ја имале оние земји кои во тоа време имале  најдобри  даночни  системи. Александар  Македонски стигнал  до Индија,велат, благодарајќи на  тоа што имал голем буџет, во  кој даноците сепак имале голема  улога. Во времето кога пред капиите  на  Виена стигнала Отоманската империја, таа  имала  најдобар  даночен  систем  во  Европа. Кога  нејзиниот  даночен  систем станува  застарен и се  распаѓа, односно не се  реформирал на  време, таа станува  ,,болесникот“ од Босфор.

Значи, несомнена  е директната поврзаноста на даночниот систем  и развојот.

Даноците ги менуваатработите и водржавата и во општеството. Настануваат промени па  мораме  да ги  менуваме даноците.Даночната структура (со  кои  видови  даноци), во која висина ќе  се  оданочува ( даночните  стапки), кои  субјекти  ќе  бидат даночно поттикнати  (даночните  ослободување  и олеснувања) и  други  прашања околу даноците се предмет  на некој  вид  општетствен  договор.И  сега, со  даночна  реформа се менува тој договор. И затоа е многу важно во подготвувањето на даночната  реформа да  се вклучуваат  што повеќе  умни  глави. И  не  само ,,заинтересирани  страни“. Често, моменталните  придобивки  не се поклопуваат  со  интересите на  подолг рок.

И  сега најконкретното за најавените мерки. Јас не можам да најдам ниту една од предложените  мерки која  се спротивставува  на повисокиот раст  и на подобрувањето на животниот  стандард. И како даночник  се  радувам што се  зборува  за даноците. Сепак, многу  работи  би  ги структуирал  поинаку, но за тоа  е јавната  расправа  во која  треба  да се  рафинира  она  најдоброто.

Инаку, што се однесуваза погодноста на времето на  спроведување, даночни реформи  се изведувале и  во  кризни периоди  и во време  на  најдобри економски перформанси. Нема  погрешно време, може  да има   само погрешни елементи во реформата.Нема мали или незначителни ефекти, секое  подобрување  во  даноците е  значајно а можеби  подоцнежните  ефекти  би биле многу  поголеми од  првичниот  ефект. И овде да напомнам, реформирањето  на  даноците, воопшто ама воопшто не треба  да го  гледаме само низ  бројките. Даноците не  носат  ефекти само  со  одземањето. Даноците  со своето  влијание  секогаш  ги надминуваат  тие  бројки.

Зар даночната  реформа  во 1994 г. беше  изведена  во  најдобро време?  Од друга страна пак, „предоброто“ време може  да влијае негативно на суштинските  елементи  и  целите  на  реформата. Што би  менувале кога се оди во најдобар  ред?

-И само  уште  ова. Бизнисот, поточно дел од бизнисот, знаел и порано да  биде  против  даночните реформи и тогаш  кога придобивките  биле  на  негова страна[1]. Да  се  потсетиме, дека дел од бизнисот беа против  воведувањето на ДДВ, а подоцна увидоа  каква предност  стекнаа само во однос на  Владата, која  не  може да ги  менува правила онаа како нејзе ù одговара. Исто така беше и кога  ги  воведовме  акцизите, односно кога ги одвоивме од  тогашниот данок на промет на производи и услуги. Компаните  добивааправо да ги собираат ДДВ-то и  акцизите, и по некое време да ги предадат на државната благајна.Зарем тоа е мала придобивка? Едноставно  требаше да се научи  како  се  собира „медот“. Епа за  се треба време и прилагодување.

Од самата најава на даночната реформа бизнисмените имаат силни негодувања. Оправдани ли се нивните стравувања дека реформата ќе стави клуч на врата на нивните компании?

-Нормални  се стравувањата што ги  следат сите  даночни реформи. Затоа се многу  важни  подготовките.Мора  да се  води  сметка  за  прифатливоста. Во ,,погон“  се става даночната техника за прифатливост, па дури и целокупната фискална техника, доколку даночната реформа е од  поголеми  размери. Најчесто  се понудува намалувањеили укинување на друга јавна давачка (пр. интервенцции  во  административн такси и  др.), некоја парафискална  давачка (ги има премногу), се  нуди  олеснување  на  даночно-административниот  товар, префрлање на  тој  товар на даночното тело (УЈП и  ОДА[2]), поголема  заштита на  правата и правните интереси на  даночните  обврзници (пр. побрзо  решавање  на тужбите и жалбите), внесување  на  ново даночно  олеснување  или ослободување (само претпазливо, ги имаме прекумерно)  и многу  други работи.

Се  нуди  поголема  транспарентност,  што е сосема  прифатливо, но уште поубаво би било кога таа транспарентност би се проширила и на останатиот  дел  од  јавните  финансии (буџет, јавниот  долг, јавните  набавки и државната  помош). Добро би  било  кога на бизнисот ќе му  се понуди забрзување  на  целокупниот  даночен  систем (кој  е премногу  бавен), позасилено користење на меѓународната правна  помош (каде нема никави  влијанија  и  притисоци),засилено оданочувањето на  т.н. ,,светски  доход“, па  се  подигање на концесиските надоместоци.

По правило даноците не се причина за ставање клуч на вратата. Се разбира, не е исклучено  и  тоа, а  уште  помалку  на  ,,голем дел на бизниси“. Многу  често затворањето  на одредни  бизниси  се прикрива дека тоа е поради даноците. Даноците  се  потврдуваат  само  ако  се во функција  на  развој на бизнисот. И тоа навистина е така. Не ги занемаруваме поединечните индивидуализирани  погрешни даночни одмерувања. Но, вистината  е на другата  стрна, добриот  бизнис  лесно поминува  со  даноците, а пак  за најдобрите, да не  правиме  муабет.

Не  посакувам, ама ако бизнисменот  стави,,клуч на  вратата“ нека помине  на другата  страна, каде што сме ние, наемните  работници, па нека  креира  нова  бизнис  идеа.

Гласот ,,ајде  да  ги  намалиме даноците“, па посреќно ќе живееме е глас во  пустина. Даноците  никогаш  не  знаат  за  рикверц. Тие  можаат  да бидат заменети, видоизменети, под ореден временски мораториум,но никогаш вкупниот  даночен  товар  не може  да  биде намален. Да  се  потсетиме, во СФРЈ секоја  година се велеше:  да  го  растеретиме  стопанство, ниту  во  една  година не  се случи  тоа. Кога  Норвешка  почна  со експлоатација на  нафтата  во Северно Море, не  ги  намали  даноците, ниту  Холандија  го  стори  тоа  кога  го откри  гасот околу Кронинген, ниту  Саудиска  Арабија  ги намалува  даноците при  секој ново откриен нафтен извор.Затоа што  95% или 90% од  населенито има директни  бенефити  од  даноците и  тие  реагираат на  секое  менување на  положбата  во  општеството. И оние 5% кои се бизнисмени, само по некое време, стануваат најголемите корисници на  бенефитите од  даноците.

Ако во Македонија 3,2% од населението се бизнисмени, тие само во почетниот  период ќе  имаат  некои тешкотии при  зголемување  на даноците, но  потоа токму  тие  најдобро  се адаптираат  нановонастанатата  ситуација. Како најдобри од најдобрите,секогаш умеат да  го извлечат   најдоброто  од  даночниот  систем. На тоа  имаат право.

На крајот, даночните  реформи носат породилни  маки, но само така се раѓа она  највредното.

Една од реформите се однесува на штедните влогови.Што ќе значи за банките и граѓаните даночењето на каматите на парите што се чуваат во банка?

-Каматите се пасивни доходи или, како уште  ги  викаме незаработени  доходи. Тука  спаѓаат уште и дивидендите и приходот од закуп (приход  од кирии). Ако  овие  два вида на  доход ги оданочуваме, се поставува прашањетозошто да не ги оданочуваме и каматите. Нивното неоданочување води корени од лошите  случувања  со  штедните  влогови. И  даночната практика и  даночната  теорија  налагаат  нивно оданочување. Прашање на време е кога ќе се почне со нивното оданочување. Се сеќавате на она ,,се одлага  оданочувањето  на каматите до денот  на влегувањето во ЕУ“.

Значи,еден ден мораме и нив да почнеме да ги оданочуваме.  А за нас  даночниците тоа  значи што порано, тоа подобро.

Тоа  дека ќе се соберат малку пари од  нивното оданочуавање (околу  5,4 милиони  евра на  годишно  ниво), не  држи  вода. Секој  денар во  Буџетот  е пара  на народот. Колку таму има повеќе, поголема благостојба на  граѓаните. Нема напред без  поголем Буџет.

Доста е од  црни сценарија околу ова прашање. Ништо лошо нема да се случи. Само добрите  работи  се на повидок. Дали ќе ни се случат? Од нас зависи.

Што ќе значи во пракса обврската за плаќање придонеси за хонорарците?

Некаде прочитав податок дека во земјите – членки на  ЕУ, хонораците се само нешто  малку над  2% од  вкупните вработени. Ако во Хрватска се 6%, значи  трипати  над просекот во ЕУ и  кај нас,  претпоставувам дека  имаат  виско учество. Една  од  основаните  карактеристики на секоја јавна давачка, па и  на придонесите, е нивната што  поголема неутралност. Одлуките на работодавачот дали некого да вработи во редовен работен однос или со  договор  за извршување на привремени и повремени  работи, да не  зависат од висината на  даночниот товар. Тоа е насоката  по која  треба  да одиме.Оттука е неодржливо преголемато  ангажирање  на  хонорарците. Флексибилноста на  трудот треба да се оставарува со другимерки, а не  со помали јавни  давачки.

Добро е што се навестуваат овие  решенија. Споредувањето  со  решенијата  од  2015 г. се неприфатливи, бидејќи  тогаш протистиравме против готови законски решенија. Се чини дека малку го  запоставуваме значењето  на придонесите,а тие  се  многу значајни за огромен дел од  популацијата. Впрочем, ако  во  Уставот пишува  дека  сме  социјална држава, таква и треба  да бидеме. Не е добро само платата да биде основата од  која ќе  се наплатуваат придонесите  за  социјалното осигурување. Реалноста одамна го напуштила значењето на платата, како  доминантен облик на остварување на  лични примања. Па логично би било сите  други  лични примања  да ја  делат  судбината на платата во собирањето на јавните  средства.

Во  таа смисла се залагам за  напуштање на  Бизмарковиот модел и премин на Беверџи моделот  на плаќање на  придонесот  за здравственото  осигурување. Сите  земји  кои преминаа на  Беверџи моделот, каде освен на платата, придонес за  здравство се плаќа  и на останатите лични  примања, подобро поминаа во оваа здравствена  криза.

К.В.С.

[1]Во  секоја  даночна  реформа  најмногу  добива  бизнисот, само  во  еден  подолг временски период, но таа тема ќе  ја оставиме  кога  ќе  зборуваме за перцепцијата, суштината  и целите  на  даноците.

[2]Општинска  даночна  администрација.

Слични содржини