Лекарите предупредуваат: Дебелите луѓе имаат поголема веројатност да заболат од коронавирус

од Vladimir Zorba

Лекарите предупредуваат дека дебелите луѓе имаат поголема веројатност да заболат од коронавирус. Според студијата спроведена од Националната здравствена служба во Велика Британија, над 60 проценти од пациентите кои се на интензивна нега заради „КОВИД-19“ се дсо прекумерна тежина.

Студијата ја спровеле Националниот центар за ревизија и Центарот за истражување на Велика Британија. Тие ги опфатија сите случаи на интензивна нега од почетокот на кризата во Велика Британија до минатиот четврток. Во тој момент, 194 пациенти биле подложени на интензивна нега за коронавирус, а една третина се пациенти под 60 години, што покажува дека и помладите луѓе се всушност изложени на ризик.

Најголем дел од пациентите на интензивна нега биле мажи (71%), а дури 64% припаѓале на групата „дебели“, додека 7% припаѓале на „морбидно дебели“. Претходните студии веќе покажаа дека дебелите се со поголем ризик за развој на компликации, кои настануваат по делување на некои инфекции или грип.

Лекарите велат дека има многу причини зошто дебелите ќе можат полесно да го фатат вирусот од другите.

Дебелината влијае на нашиот имунолошки систем и ги зголемува воспалителните процеси, што значи дека ќе биде тешко да се бориме со имунитетот во исто време со коронавирусот. Пациентите со прекумерна тежина имаат поголема тежина на дијафрагмата, поголем притисок врз белите дробови, што го отежнува дишењето и недостаток на кислород.

Слични содржини