Леклер верува дека ќе има шанса да се бори против Себ

од Vlatko K

Идниот пилот на Ферари, Шарл Леклер оптимистички изјави дека се надева дека ќе добие можност да се натпреварува со Себастијан Фетел.

Филозофијата на „Скудерија“ обично вклучува јасно изразен лидер и пилот кој ќе му помага, но пилотот смета дека тоа сега може и да се промени.

Веројатно има и свои основи, бидејќи самиот факт дека „црните коњчиња“ одлучија да се обложат на толку млад пилот наместо на Кими Раиконен претпоставува дека бараат нешто различно или во најмала рака, бараат наследник на Фетел.

„Мислам дека во секој тим во почетокот на сезоната пилотите се со еднаков статус и едвај со напредувањето на кампањата работите се менуваат кога едниот се бори за титулата, а другиот не. Затоа верувам дека ќе нѐ остават да се натпреваруваме барем во почетокот на годината“, изјави Леклер.

„Многу луѓе се прашуваат дали сум подготвен или не да возам за Ферари. Не можам да кажам дали е така, но мислам дека ако си добар во еден автомобил, значи може да се справиш и во друг. Луис е пример за ова. Искуството се разбира е предност и ако следната година не ги постигнам резултатите кои се очекуваат од мене, тогаш ќе биде сосема нормално да го изгубам местото во Ферари. Имам уште да учам, но сигурен сум дека ќе бидам уште подобро подготвен за следната сезона“, додаде тој.

Слични содржини