Левица: За 335.000 евра општина Аеродром се дави во ѓубре

од Nikola Popovski

Левица обвинува дека јавните површини низ општина Аеродром никогаш не биле позапуштени, при што низ цела општина се гледаат фрлени гранки, купови од лисја и кабаст отпад кој се одложува до контејнерите. Според партијата градоначалникот Тимчо Муцунски иако ветуваше дека тој проблем итно ќе се реши, не успеа да се справи со истиот.

Од локалниот огранок на Левица од Аеродром, потсетуваат дека во мај Муцунски склучил договор со фирмата ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС во вредност од околу 335 000 евра за одржување на јавни зелени површини, одржување на хигиена на јавни површини и други комунални услуги.

И не само што ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС не одржува хигиена во општината туку пред неполн месец сметот што го собрала, го одложила на зелена површина, до кејот на Вардар, наместо во Дризла. На самото место била забележана од инспекторите на град Скопје за што е пишана казна. Да биде фарсата поголема казната во висина од 88000 евра треба да ја плати општината, односно граѓаните на Аеродром, порачуваат од Левица.

Од партијата прашуваат дали градоначалникот има намера да го раскине договорот со приватната фирма која не ги работи задачите кои ги има според договорот.

Слични содржини