Лиам Хемсворт со нова љубов

од desk4

Неколку месеци по разводот Лиам е фотографиран на роматнична прошетка со актерката Медисон Браун, не криејќи дека е повторно среќно вљубен.


Држењето за раце во јавност за Лиам Хемсворт и Медисон Браун, за неколку денови прерасна во страсни бакнежи, што папраците брзо го забележаат. Австралискиот актер пред некој ден виден на улиците во Њујорк во друштво на помладата колешка и сонародничка Медисон Браун, најпозната по улогата на Кирби Андерс во американската серија „Династија“. Во август актерот потврди дека се разведува од пејачката Мајли Сајрус по не цела година брак, а за тоа наводно пресудно беше тоа што и двајцата имале различни приоритети и погледи на животот. Хемсворт наводно сакал да се пресели во родната Австралија, каде би основал семејство, што не ѝ се допаднало на Мајли.

Слични содржини