Лидерите на ЕУ размислуваат за воведување на ковид пасоши – што ќе значи тоа за европските земји?

од Stefanija Kuzmanovska

Во писмо испратено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен, премиерот на Грција Мицотакис повикува на итно усогласување на позициите на сертификатот за вакцинација, што, според него, ќе помогне во обновување на патувањата и туризмот.

Сега е сосема јасно дека без ковид пасоши нема да можеме да патуваме, да одиме на море, да влеземе во авион и слично.

Но, веќе е шокантно што оние кои не примаат вакцина (или немаат антитела стекнати откако ќе го прележат ковид-19) ќе бидат спречени да одат на работа. Сепак, судејќи според информациите од Германија, Словачка, Велика Британија, за ова допрва ќе се размислува.

За почеток, вчера беше објавено дека лидерите на Европската унија ќе разговараат за барањата за воведување на европски сертификат за вакцинација, т.н. ковид пасош на видео состанок на 21 јануари. Европската комисија (ЕК) потврди дека добиле писмо од Киријакос Мицотакис, премиерот на Грција, во кое, меѓу другото, се бара воведување на потврда за вакцинација за патувања во рамките на ЕУ.

– Во моментов имаме многу прашања во контекст на пандемијата со која се справуваме, почнувајќи од стратегијата за вакцинација, до она што ќе го сториме кога граѓаните ќе се вакцинираат. Сето тоа ќе биде дел од разговорите и со земјите-членки – наведуваат од ЕК.

Во писмото испратено до Фон дер Лејен, Мицотакис повикува на итно усогласување на позициите на сертификатот за вакцинација, што, според него, ќе помогне во обновување на патувањата и туризмот.

Многу повеќе прашина подигнаа вести од повеќе земји дека одењето на работа ќе биде условено со примање на вакцината. Сопствениците на мултинационални компании зборуваа за тоа уште порано, така што Англичаните први објавија дека само вакцинираните лица ќе можат нормално да одат во продавници, трговски центри, пабови, кина…

Слични содржини