Лидерките на Финска и Естонија со апел: „Забрана за визи на Русите додека трае агресијата“

од Nikola Popovski

Лидерките на Естонија и Финска ги повикаа европските земји да не издаваат туристички визи на Русите, велејќи дека не треба да го поминуваат својот одмор во Европа додека руската влада ја напаѓа Украина. Некои земји од ЕУ, вклучително и Летонија, веќе престанаа да издаваат визи за Русите поради војната.

„Посетата на Европа е привилегија, а не човеково право“, напиша Калас на Твитер.

„Авиосообраќајот од Русија е прекинат. Ова значи дека додека земјите од Шенген издаваат визи, соседите на Русија го носат товарот како единствени пристапни точки. Сега е време да се запре туризмот од Русија“, напиша Калас на 9 август.

Еден ден претходно, Марин за финските медиуми изјави дека „не е во ред што додека Русија води агресивна, брутална агресивна војна во Европа, Русите можат да патуваат во Европа и да бидат туристи“.

Естонија и Финска се членки на ЕУ и се граничат со Русија. ЕУ ги прекина сите летови за Русија, но Русите сè уште можат да влезат во тие земји по копно и потоа да летаат низ остатокот од Европа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела побара меѓународна помош и го повика Западот да го забрани влезот на сите Руси со цел да ја обесхрабри Москва да продолжи со анексијата на украинските територии.

„Вие му кажувате на целиот свет дека мора да живее според вашите правила. Потоа живеете таму. Ова е единствениот начин да се влијае на Путин“, рече Зеленски.

Кремљ ги нападна европските критичари, вклучително и лидерите на земјите од ЕУ и Украина, поради нивните повици на сите Руси да им се забрани влезот на Запад.

Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот Владимир Путин, рече „дека ова е ирационално размислување“ и дека „секој обид да се изолираат Русите или Русија е процес кој нема перспектива“.

„Мислам дека со текот на времето некако ќе исплива на површина здравиот разум и ќе се вразумат оние кои дадоа такви изјави“, рече Песков.

Блискиот соработник на Путин и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев ја отфрли изјавата на Калас во објава на социјалните мрежи.

„Само сакам да ја потсетам на уште една изрека, тоа што сте слободни не е ваша заслуга, туку наша маана“, напиша Медведев.

Слични содржини