Лидерот на Хамас на улиците во Газа

од Vladimir Zorba

На собирот на Палестинците во Газа се приклучи и шефот на Хамас, Јахја Синвар, пренесуваат палестинските медиуми. По Газа, Синвар замина и во Кан Јунис.

Лидерот на Хамас, Јахја Синвар, шеташе по улиците на Газа и Кан Јунис нешто повеќе од 24 часа по стапувањето во сила на прекинот на огнот, ставајќи крај на конфликтот во кој за 11 дена беа убиени повеќе од 250 лица и ранети 2.000 лица.

Синвар е на чело на Хамас од 2017 година.

За време на единаесет дена долги судири, израелските безбедносни сили убија 19 команданти и клучни оперативци на таа организација.

Слични содржини