„Лицемер сум“: Фетел ја доведе во прашање својата иднина во Формула 1

од Vladimir Zorba

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел гостуваше во емисијата на Би-Би-Си – „Question Time“ каде ја доведе во прашање својата иднина во шампионатот. Германецот се опиша себеси како „лицемер“ бидејќи продолжува да се занимава со спорт, а во исто време ја покренува загриженоста за животната средина.

„Да, тоа ме прави лицемер, а смешно е што вие си се смеете, затоа што секој ден си поставувам такви прашања. Знам дека не сум светец. Многу сум загрижен кога станува збор за иднината на овие прашања, за енергијата. Мислам дека треба да престанеме да бидеме зависни од фосилните горива“, вели Германецот.

„Да, патувам низ светот. Има работи кои се под моја контрола, но има и работи кои не се. Мојата страст е возењето, го сакам, секогаш кога ќе седнам во автомобил уживам во тоа. Кога ќе излезам од него, се прашувам дали треба да продолжам да го правам ова, да патуваме низ светот и да трошиме ресурси. Од друга страна, ние ги забавуваме луѓето. За време на КОВИД, ние бевме еден од првите спортови што се рестартираа. Кога главите на сите ќе експлодираа, имаше трки во Формула 1“, додаде Фетел.

Слични содржини