Премиерот на Словенија Миро Церар во понеделникот за време на состанокот на премиери и челници на клубот на парламентарни партии, рекол дека Хравтска не може еднострани да излезе од арбитражата.

prislusuvanje-slovenija-hrvatska-520x337

На изјавата на Церар,  неговиот хрватски колега Милановиќ ј искоментирал : „Можеме и ќе излеземе“.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави дека неговата земја излегува од договорот за арбитража со Словенија за спорната меѓудржавна граница во Пиранскиот залив.

На вчершната  вонредна прес конференција закажана по состанокот со претседателите на парламентарните партии, Милановиќ додаде дека побарал  и според него добил едногласна поддршка од сите политички сили во државата.

Хрватска не може да остане во овој договор за арбитража, мора да излезе од него. Веднаш да го суспендира, придржувајќи се до општите правила на меѓународното право.Постапката е контаминирана и нема потреба да се влегува во сржта на спорот, во деталите на тоа што се случило и што на крајот беше признато дека се случило. Тоа е неодржливо и Хрватска излегува од договорот, но само според релативно прецизните правила на меѓународното право, кои ќе ги почитуваме, изјави хрватскиот премиер Милановиќ.

Во меѓувреме Словенија бара нов член на Арбитражниот суд, откако претходниот, Јернеј Секолец беше снимен во телефонски разговор со словенечка дипломатка ополномоштена претставничка за следење на арбитражата Симона Дреник во кој договараат изнесување аргументи и лобирање кај други судии во врска со спорниот залив.

 

Слични содржини