Лојд Остин: Ќе го превртиме секој камен за да го откриеме изворот на протекувањето на податоците

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека САД ќе продолжат да го истражуваат неодамнешното наводно протекување на доверливи документи додека не се утврди неговиот извор.

„Ројтерс“ наведе дека имал увид во повеќе од 50 документи означени како „Тајни“ и „Строго тајно“, кои првпат се појавија на социјалните мрежи во март, и кои наводно откриваат детали за воените способности на некои сојузници и противници на САД, но дека не можел независно ја провери нивната автентичност.

„Ќе продолжиме да истражуваме и ќе го превртиме секој камен додека не го утврдиме изворот и обемот на ова“, рече Остин на прес-конференцијата на Стејт департментот во вторникот.

Слични содржини