Љубовен викенд хороскоп

од Stefanija Kuzmanovska

Погледнете што подготвија ѕвездите за вас на љубовното поле овој викенд.

Овен

Вие сте малку несигурни во врска со емоциите и вашиот статус, а сè асоцирате на недостаток на пари. Мора да се обидете да се разделите од ваквите мисли затоа што тие само ве оддалечуваат од партнерот или симпатијата.

Бик

Слободните припадници на знакот лесно можат да ја претворат симпатијата во пријател, и тоа несвесно. Зафатените, од друга страна, ќе воспостават малку помирен однос со партнерот.

Близнаци

Начинот на кој комуницирате со вашиот партнер ве нервира и создава тензија. Имате различни желби и потреби и токму тука започнува конфликтот.

Рак

Спуштете го вашиот гард и ќе видите како можете да имате и сексуална хемија и посветеност. Ако сте сингл, покажете ја ранливоста кон личноста која ви се допаѓа.

Лав

Ќе дозволите атмосферата да ве понесе во текот на викендот, но тоа нема да му се допадне на вашиот партнер или симпатија. Немојте да одите наспроти вашите чувства, но внимавајте потенцијалните расправии да не ви направат проблем во врската.

Девица

Ако точно не знаете што сакате, тогаш најдобро е да бидете сами и да одложувате каква било активност затоа што ги збунувате другите со вашето однесување. Малку сте порасеани од вообичаеното, па лесно заборавате.

Вага

Вие сте несигурни во врска вашиот љубовен статус. Мора да се обидете да ги разјасните работите со партнерот со цел да избегнете расправии.

Скорпија

Поштедете го партнерот или симпатијата од вашата класична љубомора и посесивност. За вас започнува важен период, воздржете се од избрзани одлуки и однесување.

Стрелец

Не ветувајте го она што не можете да го исполните. Несвесно испраќате измешани пораки на сите страни, па многумина не ве разбираат, особено личноста што ви се допаѓа.

Јарец

Зафатените од партнерите ќе бараат поголема доза на посветеност, преку заеднички активности, како и низ времето што ви недостасува во самата врска. Слободните можат да очекуваат многу внимание од спротивниот пол.

Водолија

Ви се допаѓаат неколку луѓе, па затоа сте расположени само за флертување и ништо повеќе. Зафатен доаѓаат до некои важни моменти во врската кои ќе предизвикаат кавги.

Риби

Слободно можете да се опуштите и да започнете авантура, особено ако штотуку излеговте од тешка врска. Зафатените ги очекува малку помирен викенд, со можност за целосно уживање.

 

Слични содржини