Лукашенко: Ако контингент биде испратен во Украина, тоа е Трета светска војна

од Nikola Popovski

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го критикуваше предлогот на Полска да испрати западен мировен контингент во Украина и предупреди дека тоа ќе значи Трета светска војна.

„Гледате, овие луди Полјаци веќе предлагаат тој (американскиот претседател Џозеф Бајден) да биде повикан од другата страна на океанот и да почнуваат да го охрабруваат: ајде да формираме мировна мисија од 100.000 војници и да ја донесеме преку Украина во Лавов. Сфаќате ли дека тоа е Трета светска војна? Што мислите, дека во тој случај само немо ќе набљудуваме и ќе останеме на страна?“, рече Лукашенко, пренесува Спутник.

Слични содржини