Лукашенко: Доколку опозицијата дојдеше на власт во 2020 година, Белорусија немаше да постои

од Milan1

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека ако опозицијата дојдеше на власт минатата година, земјата повеќе немаше да постои, туку блокот на НАТО веќе ќе стоеше во близина на Смоленск.

„Ќе направевме огромна грешка ако загубивме минатата година. Државата едноставно не би постоела. Да дојдоа на власт за еден ден, НАТО блокот веќе ќе стоеше во предградијата на Смоленск. Доволно е да ја преземемете власта на еден ден и да повикате странски војници овде.

Уставот му дозволува на претседателот да го стори тоа. Да беше нивен човек, тоа  ќе го искористише. Дали е тоа по закон? Да. Затоа се обидуваме некако да го корегираме уставот“, рече Лукашенко, пренесува државната агенција Белта.

Шефот на државата посочи дека во сегашните услови е невозможно да се концентрира власта во рацете на еден човек.

За плановите на НАТО

Лукашенко додаде дека плановите на НАТО во регионот се неприфатливи не само за Русија, туку и за Белорусија.

„Многу повеќе ќе се сменат овој месец. Ќе видите многу повеќе. „Ќе го видиме овој исход од Црното до Балтичкото Море, до што ќе доведе“, рече тој.

Белорускиот лидер го привлече вниманието на фактот дека Западот сега и закачи етикета на Русија дека наводно планира напад врз Украина.

Слични содржини