Лукашенко ги нарече демонстрантите „овци“: „Оркестрирани се од Полска, Британија и Чешка“

од Vladimir Zorba

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека протестите организирани во Минск и другите градови во Белорусија биле оркестрирани преку телефон од Полска, Велика Британија и Чешка.

Како што рече тој на средбата со шефот на Секретаријатот на ЗНД, Сергеј Лабедев, повиците биле следени и доаѓале од тие три земји, пренесува ТАСС.

„Упатени се повици од Полска, Чешка и Велика Британија за да се контролираат, да извинете, овците – кои не разбираат што прават и се лесни за контрола“, рече Лукашенко.

Откако беа затворени повеќето избирачки места во главниот град Белорусија, Минск, група од околу 300 демонстранти се судрија со полицијата во знак на протест за победата на актуелниот претседател Александар Лукашенко.

Слични содржини