Лукашенко вели дека му ја подметнале короната, истражува кој

од Vladimir Zorba

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека не го добил коронавирусот случајно, но, како што тврди, болеста „му е подметната“.

„Тие ми подметнаа коронавирус. Сега го испитуваме тоа“, рече Лукашенко, пренесува „Спутник“.

„Никогаш не сме го негирале постоењето на коронавирусот, но медиумите го толкуваа на тој начин. Како некој може да негира нешто што навистина постои? Ова е прва работа, а втората – се должи на фактот дека бевме многу внимателни во тој поглед, вирусот се развиваше побавно отколку во другите земји. Јас дури и ги знам имињата на двајцата што го донесоа. Морав да го сторам сето тоа. Јас контролирав сè. Тие можат да ме убијат, но јас нема да одам никаде“, рече Лукашенко.

Тој истакна дека болеста ја прележал „на нозе“ и дека имал полесна клиничка слика.

Според најновите информации, во Белорусија се регистрирани 68.503 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 580 лица починале.

Слични содржини