Лурдес Леон остро за Мадона: „Мајка ми ме контролира цел живот“

од Stefanija Kuzmanovska

Имено, Лурдес додека растел барал финансиска независност. Таа, наводно, сама си ја платила школарината за факултет, а подоцна изнајмила стан во Њујорк.

Мајка ми е таков „контрол фрик“ ​​и ме контролира цел живот. Морав целосно да се одвојам од неа веднаш штом завршив средно училиште, открила за магазинот „Интервиев“ Лурдес Леон, ќерка на пејачката Мадона.

Растејќи, Лурдес барала финансиска независност. Таа, наводно, сама си ја платила школарината за факултет, а подоцна изнајмила стан во Бруклин. И покрај се, таа рече дека ја цени напорната работа и посветеноста на нејзината мајка.

„Таа е веројатно највредната личност која сум ја запознала“, истакна таа.

И самата Мадона претходно призна дека е многу строга мајка. Таа се спореди себеси со „строг полицаец“, и рече дека таа е таа која им кажува на децата „не“.

„Ја прифаќам таа улога. Не сум омилен родител“, истакна кралицата на попот.

Суперѕвездата има шест деца. Таа ги имаше синовите Роко Ричи и Дејвид Банда со режисерот Гај Ричи, ќерката Лурдес Леон со актерот Карлос Леон, а близнаците Мерси и Естер, како и ќерката Стела ги посвои.

Слични содржини