Љутков: Бараме веднаш потпишување на Колективниот договор за културните работници (ВИДЕО)

од desk2

„Под мотото „КОЛЕКТИВЕН СЕГА“, јасно и гласно, културните работници го изразија своето незадоволство поради неисполнетите,лажните ветувања на оваа влада. Го изразија својот револт поради погубните политики на СДСМ и во оваа област. На само 18 часа пред протестот националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски од партиската говорница, деградирајќи го својот коалиционен партнер кој подолго време го води ресорот култура, се обиде на перфиден начин да ги замолчи културните работници. Се обиде да ја намали масовноста на овој протест кој потврди дека културните работници знаат што сакаат и нема да дозволат некој да манипулира со нив. Се обиде со манипулација нивелирањето на платите да го претстави како покачување на платите“, изјави денеска Зоран Љутков, претседател на Републичка комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини