Мајката на јутјуберот Лазаров: Да етикетираш млад човек за насилство на жени е многу примитивно

од Radmila Tasevska

По низа критики, навреди и закани за скандалозното видео на јутјуберот Стефан Лазаров, во кое гостинот Драган Павловиќ-Латас, раскажува како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил „Фичо“, со фејсбук-објава се огласи мајката на јутјуберот.

Таа во својата објава вели „долго време размислувам да го направам ова, ама вечерва навистина ја претеравте“.

Исто така, мајката на јутјуберот ја искина партиската книшка од СДСМ и тоа го објави на Фејсбук:

Се огласи и сестрата на Стефан, Марија Лазарова.

Таа напиша „Лазаров нема да падне, моето семејство, индивидуалци кои многу чесно и макотрпно си го заработуваат лебот, нема вечно да биде жртва на партиски удари и притисоци, дур сум жива нема да ја наведнам главата“.

Лазаров на својот фејсбук-профил, реагира дека „живееме во држава во кој се чека момент да се уништи некој и дека нема проблем со тоа, но да прифати дека е поддржувач на силување нема никогаш“.

– Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години, пишува во објавата на јутјуберот.

Лазаров на социјалната мрежа Инстаграм, напиша дека“ нема да го уништат и дека нашиот народ е најлесен да го потикнеш да вреѓа по коментари“.

По неколку саати јутјуберот ја избриша својата објава на фејсбук-профилот со образложение дека нема да дозволи навреди и говор на омраза да има на неговите профили на која било социјална мрежа.

– Критики да, ама да ми посакувате да ми умре семејството нема да оставам да се чита, напиша тој на социјалната мрежа Инстаграм.

Покрај јутјуберот, на социјалните мрежи со коментар се изјасни и Драган Павловиќ-Латас. Тој напиша дека „никаде и никогаш не постои негова изјава за силување, особено не дека тој присуствувал“.

Фото: Фејсбук

Слични содржини