Мадиќ: Акцентот го ставаме на проширената конфискација, ќе се одзема имот ако не се докаже потеклото

од Nikola Popovski
234 прегледи

„Измените на Кривичниот законик во 353 и другите два члена 353 в и 394 намалувањето на казните се однесува на тоа да се намали бројот на судските постапките, побрзо и со поблаги казни, меѓутоа затоа големиот акцент го ставивме на член 98А проширена конфискација“ изјави заменик-министерката за правда Викторија Мадиќ во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека секој кој го погледнал тој член ќе може да види дека ќе може да се одземе имот кој не може да се докаже како е стекнат, дури и ако е впишан на најблиските членови на семејството, нешто што досега го немаше во законот.

„Застареноста ќе биде пократка и верувам дека кај судиите и обвинителите ќе се развие поголема свест дека побрзо треба да ги завршат. Кога вие имате застареноста да ви трае 10 или 20 години, предметите стојат во фиока. Кога застареноста ви е 5 години предметите ќе завршат за година дена. Никој нема 10 години да се чувствува обвинет и на крај да се ослободи, да прошета или да биде во отсуство“ рече Мадиќ.

Заменик министерката истакна со измените на законот, освен за конфискација на имот, се додаваат и други дела за заштита на животната средина, а кривично дело станува и возењето со повеќе од 1,5 промили алкохол.

Слични содржини