Мајмунските сипаници пристигнаа во Грција?

од Vladimir Zorba

Националната здравствена служба на Грција (ЕОДИ) соопшти дека го регистрирала првиот можен случај на мајмунска сипаница, а во тек се лабораториски анализи, чиј резултат треба да го потврди тоа.

– Станува збор за англиски турист кој бил сместен во болницата Атикон – се додава во соопштението, пренесе агенцијата ТАСС.

Резултатите од анализата ќе бидат познати во понеделник, соопшти грчката здравствена служба.

Светската здравствена организација соопшти дека досега се регистрирани околу 80 потврдени случаи на мајмунска сипаница, а околу 50 чекаат потврда од лабораторијата.

Слични содржини