Мајските пензии достапни од среда, ќе се исплаќаат во 4 групи во зависност од висината

од Nikola Popovski

Владата на денешната седница донесе одлука пензиите за мај да бидат на располагање од 27 мај, а ќе можат на шалтерите да се подигнуваат во четири групи, во период од 27 мај до 1 јуни, во зависност од нивната висина.

„Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари“, се вели во одлуката на Владата.

Слични содржини