Поради енормниот пад на цените на металите на светските берзи, кои се под производните, и се на најниско ниво во изминатите шест години, првата половина од следната година ќе биде тешка за македонскиот рударски сектор, оцени денеска Македонската асоцијација за рударство (МАР) при Стопанската комора на Македонија. Од МАР истакнуваат дека се свесни оти рудниците се приватни фирми но укажуваат дека државата може да помогне со поголема оперативност.

rudnik500

Првенствено, според МАР, што поскоро треба да се обезбеди нов инвеститор во рудниците во стечај „Тораница“ во Крива Паланка и „Злетово“ во Пробиштип  од чии 1.000 рудари стотина веќе заминале на работа во Србија и во Косово. Државата може да помогне и со сузбивање на нелојалната конкуренција, но и преиспитување на издадените концесии бидејќи дел се нефункционални, оценија на денешната седница членките на МАР. – Приватизацијата во „Тораница“ и во Злетово“ треба да се реши во најкраток можен рок  затоа што се рудници со подземна екплоатација и ако се чека подолг период рестратирањето ќе биде прилично отежнато.

Стабилно ниска продажбата на нови возила во државава, 4000 продадени годинава

Важно е и да се стопира заминувањето на рударскиот кадар надвор од Македонија бидејќи кога ќе помине кризата ќе биде тешко да се обезбеди стручен кадар, рече Николајчо Николов, претседател на МАР и заменик-геренален директор на рудникот „Бучим“. Во следниот период, укажа, први  на удар ќе бидат рудниците и преработувачките капацитети кај што цените паѓаат енормно, односно рудниците со најниска содржина на метали во рудата, меѓу кои е „Бучим“ и „Злетово“. – Веќе има најави дека во единствениот производител на фероникел во Македонија „ФЕНИ“ ќе се преполови производството што ќе биде проследено со времено отпуштање на работници, со надомест на плата од 70-ина проценти, рече Николов. Со исклучок на „Тораница“ и „Злетово“ кои не работат, се очекува останатите рудници успешно да ја завршат годината благодарение на подобрите цени во првите девет месеци, но, потенцира претседателот на МАР, многу е тежок стартот за 2016 година. – Очекуваме оперативност за прашањата што се во надлежност на Министерството за економија со цел  да се извлечеме побезболно од оваа ситуација.  Очекуваме дека цела 2016 година, или во најмала рака  првата половина од следната година, ќе биде тешка и треба да се подготвиме за работа во такви услови. Цените на металите се пониски од производствените цени, а ниту една фирма не може долго да работи со загуби, работењето ќе биде кратко. Тоа нормално е врзано со отпуштање на работници, рече Николов. Како што информира, просечната цена на тон бакар, која во 2013 година изнесуваше 8.250 долари, сега е падната под 4.600  долари по тон, на оловото и цинкот  од 2.200 на 1.500 долари, а на никелот изнесува 8.500 долари. Според МАР, од вкупно издадените 350 концесии за детални геолошки истражувања, многу не работат активно  на истражување на земјиштето и отворање рудници. Тука државата има механизми да интервенира, исто како и за нелојалната конкуренција со оглед на тоа дека сме сведоци на дива испорака на песок, чакал со неконтролиран квалитет и неплаќање концесии, наведе Николов. Годишниот извоз од рударскиот сектор во Македонија изнесува околу 150  милиони евра од кои 65 проценти е удел на металичните руди. Во рудниците за металични суровини работат над 3.500 лица, а вкупно во рударскиот сектор  околу 10.000 работници, така што, според Николов, и рудниците кои навидум не се погодени од цените на извесен начин и врз нив ќе се рефлектира оваа состојба. Рударството и вадењето камен во структурата на индустриското производство учествуваат со 11,59 проценти. Регистрираните 506 активни компании се 0,2 проценти од вкупниот број, а 180 се во рударството. Просечната плата во рудникот „Бучим“, како што информира, годинава изнесува 450 евра. – See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/15292#sthash.GP0Ide4d.dpuf

Слични содржини