Македонски концепт бара целосно обединување на опозицијата со цел постигнување на 61 пратеник

од Nikola Popovski

Во врска претстојните претседателски и парламентарни избори, Националниот Совет на Македонски концепт, на својата редовна седница одржана на 11.01.2024 година, ги донесе следните заклучоци:

Македонски Концепт како политичка партија која ја промовираше идејата за целосно обединување на опозицијата, да ги направи сите последни обиди во таа насока, со цел постигнување на 61 пратеник од „Обединета Опозиција”, како би постигнале целосен пораз на владинината коалиција или т.н. „Криминален фронт“, велат од партијата.

Исто така поддржуваат широк коалициски настап на претстојните избори, вклучително и „коалиција со граѓаните”, за што ќе бидат отстапени места на кандидатските пратенички листи за граѓани, кои не се членови на партијата.

-Со тоа покажуваме висок демократски капацитет, како основен постулат вграден во Статутот на партијата. НС на МК го овластува претседателот на партијата Петар Богојески да формира тим за коалициски разговори со сите политички партии, освен тие кои застанале зад т.н. „француски предлог”.

-Македонски Концепт ќе даде поддршка на оној кандидат за претседател на Републиката, кој ќе ги прифати нашите вредности и политики во неговата изборна програма, пред се „офанзивниот пристап“ во надворешната политика.

Без разлика на самостоен или коалициски настап, Македонски концепт ќе настапи со својата изборна програма24 #РЕСТАРТ ЗА МАКЕДОНИЈА и ќе ги промовира решенијата за реалните проблеми на реалниот човек во земјава, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини