Македонски концепт бара ЕУ да не го повлекува потписот од Преспанскиот договор

од Nikola Popovski

Извршниот Тим на Македонски Концепт (МК) со исклучителна загриженост гледа на последните изјави на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, кои се директен катализатор на зголемениот ЕУ песимизам во Македонија, и дел од низата погрешните пораки и политики на ЕУ во процесот на отварање на преговорите за пристапување на земјава во Унијата.

Бараме ЕУ да не го повлекува „својот потпис“ од Преспанскиот договор, под притисок на Бугарија. Инсистирањето на т.н. „француски предлог“ е де факто и де јуре таков чекор на Унијата. Евентуално одлагање на почеток на преговори со Македонија, е дирекно суспендирање на Преспанскиот договор и тоа значи одлагање на неговата имплементација, што всушност е и главна цел на бугарската дипломатија.  

Не ги рушете веќе изградените мостови за соработка помеѓу балканските држави, особено тие помеѓу Македонија и Грција. Доколку не започнеме преговори со ЕУ, согласно одредбите на самиот Преспански договор, ние ќе бидеме приморани да ја отфрлиме употребата на „северна“ за внатрешна употреба во земјава.

Изборот е едноставен, или ЕУ ќе го повлече „францускиот предлог“ исто како што во минатото ја повлече Лисабонската декларација или Македонија ќе ја супендира употребата на „северна“. На тоа сме обврзани, а ние сме сериозна држава која го почитува и спроведува Преспанскиот договор, буквално онака како што е договорено.

Повикуваме и ЕУ да покаже соодветна сериозност и одговорност кон обврските кои си ги има преземено како гарант на Преспанскиот договор, велат од партијата преку соопштение.

Слични содржини