Македонски концепт бара Владата да реагира до косовските институции по најавите за учество на Самоопределување на изборите

од Nikola Popovski

Албанскиот етнички шовинизам, покрај јавниот неофашизам, добива димензии на верски радикализам, налик на ИСИС од Блиски Исток, со што дирекно ги дестабилизира НАТО и го отежнува процесот на проширување на ЕУ на Балкан, велат од партијата Македонски концепт, во врска последните изјави на македонски политичари од албанската етничка заедница, поткрепени од косовски политичари, а во врска обидот за мешање во внатрешните работи во Македонија и учество на косовски партии на следните парламентарни избори во земјава, особено после најавата за отстранување на крстот од дворот на црквата на Попова Шапка.

Според партијата, изјавите за отворено мешање на косовски политичари на политичката сцена во Македонија, се еклатантно мешање во внатрешните работи на земјава, за што бараат од Владата веднаш да реагира до косовските институции и меѓународните партнери.

-Донесена е одлука за дипломатска офанзива со цел објаснување на процесите на нашите партнери од НАТО и ЕУ и заштита на нашите заеднички интереси од тие пројави. Партијата ќе продолжи со засилено темпо и дополнителен фокус на темата, да се бори против сите видови на етнички шовинизам и верски радикализам, осудувајќи го таквото поведение на сите политички и граѓански активисти и организации, велат од партијата за донесените заклучоци, додавајќи дека остануваат посветени на активностите за отстранување на сите пречки за полна интеграција на Македонија во ЕУ.

Слични содржини