Македонските фудбалери се собраа во Анталија за дуелите со Црна Гора и Молдавија

Прв противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски во 2024 година ќе биде селекцијата на Молдавија,

од Бети Божиноска

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во турскиот град Анталија ги стартува мини подготовките за двата претстојни пријателски натпревари на неутрален терен против Црна Гора и Молдавија.

Прв противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски во 2024 година ќе биде селекцијата на Молдавија, а делот е закажан за 22 март во спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија со почеток во 15:30 часот.

На истиот стадион македонските фудбалери на 25 март ќе играат против Црна Гора. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

Од репрезентативниот список кој Милевски го објави за двата натпревари во Турција отпадна поради повреда фудбалерот на белгиски Беверен, Ердон Даци.

Слични содржини