Макрон и Шолц го повикаа Путин да ги ослободи бранителите на Азовстал

од Берта Китинска

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да ги ослободи 2.500 украински бранители на фабриката за челик Азовстал заробени од руските сили, соопшти Елисејската палата.

Во заедничката покана, двајцата европски лидери, исто така, го повикаа Путин да прифати директна размена со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Ројтерс.

Слични содржини