Макрон планира да го покани Путин во Франција, но само под еден услов

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон не исклучува дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде поканет да ја посети таа земја во 2024 година доколку се одржат мировните преговори во Украина, изјави Макрон во телевизиско интервју на каналот Франс 5, пренесува агенцијата ТАСС.

„Само ако тој (Путин) одржи мировни преговори и ја промени ситуацијата со украинскиот претседател Зеленски“, рече Макрон во долгото телевизиско интервју.

Тема на разговорот на новинарите со францускиот претседател беа главните настани кои се очекуваат во 2024 година, меѓу кои и прославата на 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Тие ги наведоа учесниците на претстојната прослава, истакнувајќи дека рускиот лидер веројатно нема да биде меѓу нив.

Последен пат рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на настани за одбележување на годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија за време на Втората светска војна, беше пред 10 години, во 2014 година. На настанот присуствуваа и тогашниот претседател на Украина Петро Порошенко и американскиот претседател Барак Обама. Франсоа Оланд, кој во тоа време ја извршуваше функцијата претседател на Франција, заедно со тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, ја организираа првата средба на лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија на 6 јуни во Шато де Бенувил (Франција).

Севкупно, лидерите на четирите земји се сретнаа пет пати во овој формат. Последниот состанок се одржа во декември 2019 година.

Слични содржини