Малата Сторми за Ноќ на вештерките маскирана како мајка ѝ (ФОТО)

од desk4

Како една од најмладите милијардерки во светот ја маскира својата ќерка за Ноќ на вештерките? Нормално, исто како неа.

На Инстаграм Кајли објави фотографија од малата Сторми Вебстер облечена во креација иста како онаа со која Џенер се појави на годинашнта Мет гала, секако вклучувајќи ја и виолетовата перика.

Фотографијата веќе има над 10 милиони лајкови и илјадници коментари.

Претходната година Кајли ја маскираше Сторми исто како себе, во розова пеперутка, а втората маска беше молња. Џенер исто така отворено кажала дека Сторми исто како и неа, е зависник од убава шминка и козметика и дека секогаш сака и таа да носи кармин.

Слични содржини