Малку познати симптоми на дијабетес кои можат да се забележат за време на сексуалниот однос

од Stefanija Kuzmanovska

Дијабетесот е сериозна здравствена состојба која погодува милиони ширум светот. Некои живеат со оваа болест без воопшто да знаат дека ја имаат.

Лекарите објаснуваат дека некои предупредувачки знаци можат да се појават за време на интимните односи, а ретко кој ги поврзува со дијабетес.

Кај мажите, еректилната дисфункција може да се појави поради промени во крвните садови и нервите. Кај жените, овие промени се нешто посуптилни и во повеќето случаи подразбираат ослабена секреција на вагинална слуз и појава на интензивна болка при интимен однос.

Покрај тоа, бројни претходни студии покажуваат дека пациентите со дијабетес доживуваат значителни промени во либидото, а инфекциите се почести поради зголемената концентрација на гликоза.

Други, поочигледни знаци кои исто така укажуваат на дијабетес вклучуваат зголемена жед, често мокрење, глад, необјаснето губење на тежината, чешање околу пенисот или вагината, замор, бавно зараснување на раните, сува кожа и заматен вид.

Слични содржини