Манчевски го објави извештајот за вработените во јавниот сектор

од Nikola Popovski

Во однос предлогот администрацијата да зема минималец додека трае корона-кризата, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски изјави дека Владата во скоро време ќе донесе одлука.

Тој денеска изјави дека 132.900 луѓе работат во администрацијата, и ова е состојбата заклучно со крајот на 2019 година.

Манчевски презентираше извештајот за вработените во јавниот сектор. При тоа рече дека треба да се прави разлика што е јавен сектор, а што е администрација.

„Со статус на јавна администрација се 16.522 лица, ова е со други зборови централната власт“, рече министерот и додаде дека најголем дел од вработените се во образованието  и здравството.

Во 2019 година се зголемил бројот на висококвалификуванито кадар во јавниот сектор.

„Најголем број од новите вработувања во 2019 година биле во секторот здравство“, изјави Манчевски.

Според него, новите вработувања се прават во секторите каде тоа е најпотребно.

Слични содржини