Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ ја критикува владата, а сака истата влада да остане подолго на власт

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ ја критикува владата, а сака истата влада да остане подолго на власт. Ова е уникатна опозиција. Од една страна не сакаат законски уредби, ама не сакаат ни избори, за тоа да се промени. Еве земете го примерот со Чулев, јавно кажа дека нема намера да ги спроведува мерките за заштита на здравјето, ова е дерогирање на правниот систем. Самиот си изјави нема намера да презема мерки во религиозни објекти и на верски настани. Затоа, нека си каже Чулев дека е дојден да спроведува партиска политика, а не за почитување закон и за заштита на граѓаните“- изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Манчевски го повика Чулев утре јавно да излезе да соопшти до каде е истрагата во Струга и кој ќе одговара за верскиот настан. Потврди дека надлежните институции добро се справиле со здравствената криза, и во ниту еден момент немало притисок врз здравството.

„Ние максимално ги заштитивме граѓаните и тие се задоволни како сето ова се одвива, немаме ниту голем број заразени, ниту пак имаме голем број починати“, заклучи Манчевски.

Слични содржини