Манџукиќ на лекарските прегледи во Милано, се чека потпишување на договорот

од Stefanija Kuzmanovska

Марио Манџукиќ (34) се наоѓа во Милано и во тек се медицински прегледи.

Утрото започнал со лекарски прегледи, се чека потпис

После тоа, легендарниот хрватски напаѓач ќе потпише за италијанскиот клуб до крајот на сезоната. Другите детали за договорот треба да бидат познати по потпишувањето.

Тој, наводно, ќе потпише договор вреден 1,8 милиони евра до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една цела сезона за 3,6 милиони евра.

Газета: Тој е совршен Хрват

Дали ќе има продолжување зависи од тоа дали тие ќе ги исполнат условите пропишани со договорот за продолжување на договорот, а тоа се непознат број настапи и пласман на тимот во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми го фалат Манџукиќ и се среќни за неговото враќање во Италија.

„Манџукиќ е совршен Хрват. Вреден, искрен и скромен човек кој направи многу во својата кариера за да успее“, пишува Gazzetta dello Spor.

Слични содржини