Мане е Африкански фудбалер за 2019 година

од Vladimir Zorba

Sвездата на Ливерпул, Садио Мане е избран за најдобар фудбалер на Африка за 2019 година. Сенегалецот за прв пат ја освои престижната награда, „наследувајќи“ го неговиот соиграч Мохамед Салах, кој ја освои наградата во 2017 и 2018 година.

Салах и Ријад Марез останаа на второто и третото место, но и двајцата не присуствуваа на церемонијата. Претходно денес, Египќанецот беше снимен на тренинзи за Ливерпул, а во исто време Марез игра за Манчестер Сити во дербито против Манчестер Јунајтед.

Во изминатите две години, Мане постојано завршуваше на второто место, а во 2016 година, заврши на третото место.

Фудбалерот на Ливерпул ја заработи наградата оваа година, откако одигра феноменална сезона на клупско и на национално ниво. Мане се најде и на четвртото место воконкуренција за „Златната топка“.

Слични содржини