Манијак ги вознемирува жителите на Влае

од Vladimir Zorba

Во петокот од 19 до 23:00, на улица Иван Цанкар во Влае е забележан манијак кој во неколку наврати сексуално ги вознемирувал, демнел по дворови и манијачел преку прозор жителите на ул. Иван Цанкар, пишува Елеонора Стојановиќ на својот Фејсбук профил на кој објавила и видеа и фотографии.

Случајот е пријавен во петокот во Министерство за внатрешни работи.

„Ве молам доколку забележите некој кој сомнително се однесува или имате информации за слични вознемирувања, пријавете во Полициска станица Карпош 072 334 411 или на 192“, пишува таа.

Слични содржини