МАНУ дневно обработува до 250 тестовите за ковид, се разгледува можноста за зголемување на капацитетите

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска оствари средба со академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ.

-МАНУ е една од клучните институции во справувањето со ковид пандемијата. Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од PCR тестови. Оваа установа ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ „8 Септември“, и болниците во Кичево и Дебар. На денешната средба со академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ разговаравме за пандемијата од Ковид-19, за зголемување на капацитетите на лаборатиријата, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите, информираше Филипче.

Слични содржини